Тешка кражба во Цементарница Усје
Цементарница Усје АД, вчера пријавила дека во периодот од 1 јануари до 8 март годинава во фабриката била извршена тешка кражба на резервни делови кои се користеле во процесот на производство.
Случајот во полиција бил пријавен вчера, а се уште не е познат сторителот, кој од магацинот кој се наоѓал во кругот на фабриката одзел 55 парчиња РОСТ плочи и 35 парчиња надворешен излезен сегмент за печка.
Вредноста на украдените работи изнесува 850.000 денари.
Полицијата работи на расчистување на случајот.