Тестамент на Хју Хефнер: 43 милиони долари за вдовицата и за децата ако не пијат и не се дрогираат


САД- Кралот на Плејбој, Хју Хефнер, своето богатство им го остави на сопругата и децата, но ако сакаат да ги уживаат овие финансии, постои еден важен услов.

Три месеци по неговата смрт отворен е тестаментот на Хју Хефнер. Своето богатство во износ од 43 милиони долари тој го остави на 31-годишната сопруга Кристал, како и на децата Дејвид, Кристи, Купер и Марстон.

Но, Хефнер постави еден услов. Тие не смеат да земаат дроги или да станат зависни од некои легални опијати. Не смает да користат ништо што не им е препишано од лекар и тоа само како терапија.

Во секој момент неговиот адвокат може да ги тестира ако се сомнева дека се под дејство на некои супстанци.

Иако се нагаѓаше дека Кристал нема да добие ништо, сепак Хефнер и остави куќа од 5 милиони долари и заштеда од 3 милиони долари.