Тери: Се уште не сум подготвен да бидам менаџер


Легендата на Челзи, Џон Тери призна дека сè уште не е подготвен да биде менаџер, и затоа улогата на помошник на Дин Смит во Астон Вила е совршена за него.

Минатата недела поранешниот англиски репрезентативец ја заврши својата професионална кариера и кратко време потоа официјално беше назначен за асистент на Смит во клубот.

– Секој играч мисли за тренерска кариера на крајот на фудбалската. Многу фудбалери успеаја во тоа – Френк Лампард и Џерард се последните примери. Тие почнаа добро во своите тимови. Но за мене, улогата на асистент е совршена во моментов. Се уште не сум подготвен да бидам менаџер. Очигледно ова е мојата амбиција на долг рок, но сакам да започнам од првата фаза и мојата желба сега е да учам, рече поранешниот централен дефанзивец.

Тој изрази задоволство дека повторно е во Астон Вила, клубот во кој ја заврши својата активна кариера.

–  Да ја започнам тренерската кариера во толку голем клуб е остварување на сонот за мене, додаде Тери.