Тереза Меј во Стразбур со цел да постигне компромис за Брегзит


Премиерот на Велика Британија, Тереза Меј, вечерва ќе треба да пристигне во Стразбур со цел да постигне компромис за Брегзит, кој ќе им дозволи на пратениците да го усвојат договорот за излез од ЕУ, изјави ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковенеј.

– Преговорите се во тек. Многумина се надеваа дека во оваа фаза ќе имаме појаснување, особено пред утрешното гласање. Но, тоа се уште не се знае, изјави Ковенеј за новинарите.

На веб страницата на ЕП во Стразбур, каде вечерва започнува сесијата, нема никаква информација за евентуалното пристигнување на британската премиерка.