Тепачка во дискотеката во Градскиот парк во Скопје


Три момчиња од Куманово и едно од Скопје, физички се пресметале во дискотека во Скопје, при што се здобиле со повреди по лицето.

„На 09.08.2018 година во 03.40 часот во дискотека во Градски парк бил нарушен Јавниот ре д и мир со тепачка помеѓу лицата Д.П. (22) од Скопје од една страна и лицата Т.Д. (21), Р.А. (26) и С.Т. (26), сите од Куманово, од друга страна“, информираат од МВР.

Сите учесници во тепачката се здобиле со повреди по лицето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.