Теодоракис: Владата не го претставува народот
Теодоракис ги споменува 50-те години во Грција и тогашниот американски амбасадор во земјата, Џон Перифој, „кој наметна негов закон во формирањето на националниот живот“ и вели дека актуелниот амбасадор на САД во Грција, Џефри Пајат „се покажа дека е многу над неговиот претходник“
-Бидејќи успеа да создаде неред во една земја и да подели еден народ само за да може да го стави Скопје во НАТО! Ова, секако е само еден детаљ од големата мапа на целокупната стратегија на НАТО со познатите агресивни цели, но и главната цел во овој период -Русија. Особено поради специфичноста на турската политика, големата тежина на плановите на НАТО се префрлаат на нашата земја со безусловна согласност на грчката Влада и за трите земји на т.н. Западен Балкан, односно за Албанија, Косово и во Скопје, пишува Теодоракис.
Грчкиот композитор (94) вели дека го загрижува целото брзање грчката Влада да запре да се занимава со проблемот број еден-економијата и да се посвети на „скопското прашање“.
-По наредба на американскиот амбасадор во Грција, Скопје на било кој начин да се признае под име што го содржи зборот Македонија, со цел долгата рака на НАТО да го пренесе Скопје, со мат потег, на шаховската табла на агресивни подготовки и да го претвори во една дополнителна база на мрачните НАТО планови, пишува грчкиот композитор во неговата колумна за „Та неа“.
Теодоракис додава воените бази во Грција и на Балканот не им служат на интересите на народите, туку на странците и тоа треба да го имаат предвид оние кои на следните избори ќе се бoрат за власт.