Тенисерот Горан Иванишевиќ се ожени во тајност


Хрватска- Екстенисерот и победник на Вимблдон Горан Иванишевиќ (46) и радиската водителка Нивес Чановиќ (35), се венчаа во Загреб, на тајна церемонија, во присуство на најблиските и кумовите, пренесува порталот на „Јутарњи лист“. Со оглед на тоа дека тенисерот ќе патува за Австралија, се очекува медениот месец да го поминат во Мелбурн. Двојката од лани живее заедно.

На Иванишевиќ ова е втор брак, а на Чановиќ-прв. Тенисерот од првиот брак со манекенката Татјана Драговиќ има две деца, ќерката Амбер (25) и синот Емануел (10).