Телохранител на Порошенко почина по добиен удар во главата


Припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко, починал откако боксер го удрил во главата.

Несреќата се случи во ноќта меѓу 2 и 3 јануари, кога телохранителот на Порошенко, Василиј Хемљук бил удрен од познатиот украински боксер Петро Очеретјани.

Хемљук по ударот паднал на земја и набрзо починал.

На боксерот му се заканува казна затвор од 15 години.