Телата на Александар и Калина денес пристигнаа во Македонија


Телата на загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски денеска со автомобил пристигнале во Македонија. Како што дознава Фокус, погребот ќе биде во четврток.

Двајца млади алпинисти од Скопје загинаа во несреќа на планината Ниџе на границата со Грција. Викенд-турата кон врвот Кајмакчалан висок 2.511 метри надморска височина заврши кобно за Калина Велевска (26) и Александар Миновски (32), по чии тела се трагаше десетици часа. Тие беа дел од педесетчлената група аплинисти на друштвото „Трансверзалец“. Се претпоставува дека снегот и густата магла се причина за нивниот пад во бездна. Пред само десетина дена, на Шар Планина загина уште еден планинар од Скопје, а француски алпинисти во последен момент беа спасени од измрзнување.