Тежок напад во Синај, засега има 184 мртви и 125 повредени лица
Најмалку 184 лица денеска загинаа при експлозијата на бомба во близина на џамијата Ал Раудах на египетскиот проблематичен северен полуостров Синај, јави Би-Би-Си.
Во нападот се повредени најмалку 125 лица.
Владата прогласи тридневна жалост, јави египетската државна агенција Мена.
Експлозијата, како што јавуваат локалните медиуми, се случила за време на пладневните молитви, а четворица непознати напаѓачи потоа отвориле оган кон верниците што ја напуштале џамијата. Портпаролот на Министерството за здравство изјави дека екстремистите ја детонирале бомбата за време на нападот.
Во сите болници е прогласена вонредна состојба. Армијата и полицијата ја претресуваат целата област.
Претседателот на Египет Абдел Фатах Ал Сиси свика итен состанок на безбедносните служби.
Министерството за внатрешни работи формира специјална комисија за истражување на бомбашките напади и објави вонредна состојба во главниот град Каиро. Полицијата ги чува сите државни институции и објекти од јавен интерес.
Досега ниту една египетска екстремистичка група не презеде одговорност за нападот.