„Тврдокорните“ му порачаа на Нимиц да си поднесе оставка
Стотина членови на неколку граѓански здруженија и нивни поддржувачи вечерва на протест пред Собранието на Република Македонија побараа оставка од медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, кој денеска пристигна во Скопје и утре ќе има средби со државниот врв.
Учесниците во протестот побара од Нимиц да се повлече од, како што рекоа, срамната и недостоинствена понуда за предлог за името, со укажување дека македонскиот народ нема да прифати такви решенија. Според нив, проблемот за името е наметнат, крајно асиметричен и апсурден.
– Нимиц да престане да биде учесник во геноцидот и во уништувањето на македонскиот народ и држава, како и во повредувањето на македонскиот идентитет. Македонскиот народ нема да ги прифати овие решенија и ќе се бори со сите средства за враќање на одземениот суверенитет и за ревизија на сите спорни одлуки против државните интереси. Метју Нимиц да достави извештај до ОН дека македонскиот народ бара од него неотповиклива оставка на медијаторсата позиција и дека сака Република Македонија да биде примена на ОН под уставното и државото име, порачаа учесниците во протестот.