Тврдење на српски новинар: Убиецот на Оливер Ивановиќ е познат, добил 40 илјади евра за атентатот
Српскиот новинар Стефан Цветковиќ објави неколку фотографии од лице за кое тврди дека е вмешано во атентатот врз Оливер Ивановиќ. До сликите дошол заедно со неколку негови колеги Албанци во Косово со кои истражувале и дошле до информација дека лицето од сликата пристигнало во Косово на 12 јануари, а околу канцеларијата на Ивановиќ поминало 14 пати се до денот на атентатот.
Истото лице го напуштило Косово само еден ден по убиството, пишува порталот „Индексонлајн“.
Според до сега добиените информации од терен, се верува дека ниту еден политичар од Косово и Србија не се вклучени во атентатот, туку дека убиството има криминална позадина.
Цветковиќ вели дека за атентатот врз Ивановиќ се дадени 40 илјади евра.
„Освен објавувањето на лицето осомничено како убиец, тој објавува и други две фотографии на кои се лица кои дополнително треба да се испитуваат. За едното се верува дека е официјално лице вработено во косовска институција. Цело време додека истражува, Цветковиќ има целосен пристап до приватните камери, не само до оние на јавните места“, наведува „Индексонлајн“.
Лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, беше убиен утрото на 16 јануари, кога во него беше пукано пред неговата канцеларија во Косовска Митровиц