Тајсон: Ѓоковиќ е неверојатен, но Федерер е најголемиот тенисер на сите времиња


Боксерската легенда, Мајк Тајсон ја прокоментира пред швајцарскиот весник „Блик“ неговата љубов кон тенисот и открил кој според него е најдобриот тенисер во светот.

Тајсон рече дека е вистинско задоволство да се гледа играта на Новак Ѓоковиќ, и дека кога е здрав, Србинот е незапирлив.

– Задоволен сум што тој се опорави од повредата и се враќа во форма. Кога зборуваме за најголемиот на сите времиња, сепак, без никакво сомнение тоа е Рожер Федерер. Да си на толку високо ниво толку многу години, тоа е нешто неверојатно, изјави поранешниот шампион во супертешка категорија.