Тајната на холивудскиот изглед: Ким Кардашијан ја користи помадата на Мадона


САД– Поп-ѕвездата Мадона и и старлетата Ким Кардашијан ги здружија силите за да го прослават лансирањето на најновиот производ од козметичката линија на Мадона – MDNA Skin. Станува збор за производот The Reinvention Cream. Кардашијан во ТВ емисија објасни каков голем фан е на производите за нега на лице од козметичката линија на Мадона, особено на серумот MDNA Skin и MDNA Skin Rose Mist, крема што ја користи наместо навлажнувач за лице.

Мадона, како Кардашијан, отсекогаш била опседната со одржувањето на нејзината кожа, особено да биде постојано хидрирана, што е една од причините поради кои таа одлучи да лансира сопствена линија за нега на кожа. Всушност, главната состојка во производите на MDNA Skin е термалната вода од градот Монтекатини кој се наоѓа во Тоскана , Италија.

„Ги откривме овие термални води кои не можете да ги најдете никаде во светот. Бањата е стара илјадници години, сигурна сум дека римските императори ја користеле. Станува збор за лековита бања која се повеќе го привлекува вниманието на филмските ѕвезди, научниците, политичките лидери, и воопшто луѓето од висок профил. Водата може да лекува различни болести меѓу кои и егзема, псоријаза, артритис“, објаснуваше Мадона за публиката.

Освен што инсистира на хидрирана кожа, најважниот совет на Мадона, кој самата го практикува, е да не се изложува кожата воопшто на сонце.

„Го сакам холивудскиот гламур, ги сакам жените како Мерилин Монро, Марлен Дитрих и Рита Хејворт, очигледно, нивните имиња ги спомнувам во мојата песна”„Vogue“. За мене тие беа олицетворение на убавината. Сите изгледаат како навистина добро да се грижеле за нивната кожа“, вели Мадона. „Овие жени беа моите модели за нега на кожата“, додава.

Кардашијан пак, советите за нега на кожа ги наследила од мајка си, Крис Џенер, која ја научила на важноста на миење на лицето со топла крпа, нешто во што верува и Мадона.