Тачи: Преку гласот на 30 септември да се позиционираме „за„ НАТО и ЕУ


Демократската партија на Албанците кампањата за референдумот вечерва ја продолжи во општина Студеничани, под мотото “Еден чекор напред, за во НАТО и ЕУ!”

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, како што стои во соопштението на партијата, во своето обраќање пред граѓаните на општина Студеничани, меѓу другото, посочи дека преку гласањето на 30 септември ќе се позиционираме „за„ НАТО и ЕУ.

“Ние сме задолжени, најдоброто што ни го даде НАТО на нас Албанците мораме да и возвратиме. Гаранции за остварување на нашите цели се западните вредности, е ДПА што го гарантира тоа”, рече Тачи.

Референдумот на 30-ти септември, додаде тој, е историски момент кој мора да го сфатиме сериозно, бидејќи се одлучува за иднината на нашите семејства.

“Нашата иднина е да станеме дел од најмоќната воено-политичка алијанса – НАТО и на најсилната економска алијанса, Европската унија. Е наша одговорност како граѓани и Албанци на референдумот да го запечатиме нашето прозападно определување и 30 септември е датумот кога Албанците треба да ја докажат ова определба на дело, излегувајќи масовно на референдумот и гласајќи за НАТО и ЕУ, рече лидерот на ДПА.