Тачи: Не е фер, но мораме со САД, ЕУ и НАТО


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека создавањето на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово „не е фер“, но дека Приштина е решена да го поддржи партнерството со Западот.

Според Тачи, косовските власти преземале одредена одговорност и обврски и ќе ги исполнат во согласност со постигнатиот договор.

– Донесена е одлука да го одржуваме своето стратешко партнерство со САД, ЕУ и НАТО, истакна Тачи, говорејќи на седницата на Владата на која беше одбележана десетгодишнината од прогласувањето на независноста на Косово.

Западните земји неколкупати ги предупредија косовските власти дека Косово ќе „остане изолирано“ ако продолжи да се обидуваат да го блокира формирањето и работењето на Специјалниот суд.

Тачи, исто така, истакна дека дијалогот со Србија влегува во последната фаза на процесот.

Според Тачи, сега е вистински момент ЕУ да потврди дека целата југоисточна Европа и припаѓа на Унијата, а не на други идеологии „кои ги нарушуваат вредностите и принципите на Западот“.