Тачи најави оставка


Косовскиот претседател Хашим Тачи, изјави дека ќе поднесе оставка или ќе распише референдум ако Парламентот не ја одобри спогодбата со Белград.
Според спогодбата, на Косово би му припаднале три општини Бујановац, Прешево и Медвеџа.
Тачи за приштинска Репорт ТВ прецизира дека оставката ќе ја поднесе во случај на договор  спогодбата со Белград да предвиди спојување на тие три општини кон Косово, а парламентот да не го прифати тоа.
„Оние кои ме критикуваат не би требало да мислат дека би го прекршил уставот. Никогаш не би го прекршил уставот, но да се промени, тоа да. Може да се постигне договор, а потоа да се изнесе пред парламентот на Kосово, што може да се одобри или не“,  рече Тачи и додаде дека во тој случај ќе поднесе оставка или ќе распише референдум.
Тој повтори дека Приштина може поради „непријателството“ со Белград да го загрози стратешкиот сојуз со САД и да порача дека би требало да ја укинат таксата на стоката од централна Србија.