Татко од Тетово ја злоставувал својата 14-годишна ќерка


Четиринаесетгодишна ученичка од Тетово била психофизички и сексуално малтретирана од страна на нејзиниот татко. Осомничениот е приведен во полицијата.

Случајот во полицијата вчера го пријавил директорот на основното училиште во кое учела. Како што соопштуваат од МВР, тој пријавил дека две ученички во 8-мо одделение му кажале дека нивната 14-годишна другарка била психофизички и сексуално малтретирана од страна на нејзиниот татко.

Во извршен разговор помеѓу директорот и оштетената истата го потврдила кажаното. Извршен е гинеколошки преглед над оштетената и констатирано е дека нема видливи повреди, по што од оштетената е земен брис за вештачење.

Осомничениот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.скс/са/10:50