Танзанија: Најмалку 86 лица загинаа кога траект потона во езерото Викторија


Најмалку 86 лица загинаа откако вчера потона траект со стотици патници во езерото Викторија во Танзанија, јави локалниот портал „Граѓанин“, повикувајќи се на податоци изнесени од регионалниот комесар на Мванза Џон Монгеле.

Локалните медиуми информираа дека се спасени 37 лица, но се стравува дека бројот на загинати ќе се брои во стотици.

Според првите проценки, траектот „Нерере“ превезувал повеќе од 300 патници.

Операцијата за спасување беше прекината во текот на ноќата, а денеска продолжи.