Талибанците уништија мостови, три провинции отсечени од Кабул


Кабул – Талибанците во Авганистан уништија мостови на главните патишта југозападно од Кабул, за време на масовна офанзива против безбедносните сили. Со тоа е прекината врската на главниот град со три провинции.

Портпаролот на полицијата Нагиб Даниш изјави дека авганистанските безбедносни сили реагирале на нападот, но борбите сѐ уште траат, а најмалку шест полицајци загинале. Уништувањето на мостовите ги прекина врските на Кабул со провинциите Газни, Забул и Кандахар и предизвика недостиг на струја во провинциите Мајдан Вардак, Логар, Газна и Пактија.