Талески: Ова ќе биде наша поука како не треба понатаму


Филип Талески е еден од ракометарите на кои ќе се потпира македонската репрезентација во иднината. Тој заедно со Велковски, Поповски, Кузмановски, Пешевски, добија шанса за настап и стекнување искуство од континенталниот собир на најдобрите.

Талески вечерва во поразот од Данска постигна четири погодоци.

– Ова Европско првенство е огромно искуство за нас. Не се надевавме на вакви околности. Пред се во првата фаза, во ниеден случај не мислевме дека ќе пренесеме три бода. Но се случи тоа. Покажавме дека можеме да се „носиме“ со силни селекции какви што се Словенија, Германија…. Меѓутоа, кога тргнавме во Вараждин некако се се сврти наопаку. Можеби и среќата ни го заврти грбот. Со Шпанија имавме лош ден, вчера немавме среќа и изгубивме несреќно, денеска го дадовме максимумот, одигравме добро прво полувреме, а во второто покажавме дека немаме сили за до крај. Ова ќе биде наша поука како не треба понатака – изјави Талески.