Талентиран хрватски актер почина на 27-годишна возраст


Младиот и талентиран хрватски актер, Роберт Будак почина вчера на 27-годишна возраст. Глумецот, чија што матична куќа беше „Загрепскиот театар“, во огромна тага и шок го остави семејството, пријателите и колегите.

За своите актерски способности, минатата година беше награден од Народното хрватско глумиште за исклучително остварување на млади уметници до 28 години во категоријата драма. Публиката го памети по улогите во претставите „Таксиметар“, „Ромео и Јулиета“ и „Мала кафеана“, а глумеше и во филмовите „Од онаа страна“, „Ексјеп“ и „Загреб Капучино“.  Беше дел и од сериите „Стипе во гости“ и „Хорватов“, а глумеше и во спотовите на познатите музички ѕвезди.

Во саботата вечерта глумеше во претстава во загрепскиот театар.

Се претпоставува дека причина за смртта е срцев удар.