Сцената на „Оскарите“ ќе биде украсена со 45 милиони кристали „Сваровски“


САД- В недела вечер ќе се одржи најпрестижната холивудска манифестација – Оскар, која оваа година ќе се одржи по 90-ти пат.

По повод јубилејното доделување на наградите на Академијата за филмски уметности и науки, сцената во Долби театарот во Холивуд ќе блесне во полн сјај.

Дизајнерот Дерек МекЛејн, кој по шести пат по ред е задолжен за изгледот на сцената, ќе ја мами публиката со блескав спектакл. Оскаровската сцена ќе биде украсена со вртоглави 45 милиони кристали „Сваровски“.

 

Компанијата 11 години се вклучува во организирањето на оваа церемонија. Минатата година сцената беше декорирана со „скромни“ 300.000 кристали, а оваа година се вклучени 40 пати повеќе кристали отколку сите претходни 11 години комбинирано. Втора година по ред, водител на свечениот настан ќе биде Џими Кимел.