Супестар диџејот Алан Вокер на 2 јуни во Скопје


Во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон Продукција и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, се одлучивме оваа година фестивалот „Скопје колинг 2018“ да трае два викенда!

Хедланјер на првиот викенд на Skopje Calling 2018 ќе биде Алан Вокер- апсолутно едно од најголемите имиња на електронската музичка сцена во во моментов, со настап на 2 јуни, на АРМ стадионот.

Иако има само 20 години, Вокер е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на YouTube, неговите хитови „Faded“, „Alone“ и „Sing Me To Sleep“ ги оборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ листи, а исто така имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји.

За оваа година, WALKER најави нова музика, како и светска турнеја, каде за прв пат ќе го види македонската публика и онаа од регионот на фестивалот Skopje Calling 2018!

Влезниците по цена од 1000 ден ПАРТЕР и 1500 денари ФАН ПИТ ќе бидат во продажба од утре.