„Суперхикс“ одбележуваат 25 години на сцена


„Суперхикс“ годинава одбележуваат 25 години на музичката сцена, а за таа цел ќе одржат и концерт на 3 март во Младинскиот културен центар. Како мало загреваше пред настапот, бендот ја почести публиката и со нов материјал. Станува збор за песната „Модерна љубов“ која е во препознатливиот стил на „Суперхикс“.

Во далечната 1994 година, овој состав го имаше својот прв настап во некогашното кафуле „Доорс“ во Дебар Маало во Скопје.

Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“, и многуте други.

Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.

Суперхикс се враќаат верни на својот стил и посветени на музиката пред својата 25 годишнина.

Картите за настапот во МКЦ се пред распродавање, а може да се набават на билетарата во МКЦ и онлајн на bileti.mkc.com.mk