Судењето на Латас одложено за четврток


Судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 7 декември годинава. Павловиќ дојде во судот и присуствуваше на денешното рочиште во Кривичниот суд. Судијката констатира дека не се испочитувани законските услови за одржување расправа бидејќи не се определени законски затапници за фирмите „Тотал маркетинг“ и „Медиамакс“, а ново рочиштен закажа за четврток. На обвинетиот му беше укажано дека за правни застапници може да ги постави и неговите бранители, по што тие се обврзаа во текот на денов да достават писмен поднесок до судот. Доколку тоа не биде направено, судот по службена должност ќе одреди правни застапници. Управителот на „Тотал Меди Центар“ Петар Вељановски бил уредно поканет, но се оправдал дека не може да дојде бидејќи имал работни обврски во Скопје, а доставата ја примил неговиот татко кој не го информирал на време. Одбраната денеска забележа дека дел од доказите на СЈО се поднесени на недозволен начин, на што судијката одговори дека таа за тоа не е надлежна, туку судскиот совет кој одлучил да почне постапката. Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје. Осомничениот Драган Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

При излегувањето од судот, Павловиќ рече дека очекува „брутално судење“ и оти бара еднаков третман на судот како и кон премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“.