Судар меѓу комбе и автобус кај Кичево, повредени ученици


На патниот правец Демир Хисар-Кичево, утрово во 7:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар.

При несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а со телесни повреди се здобиле учениците.

На истите им била укажана лекарска помош во Клинички центар Битола.

Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.