Сугарески: Ќе се потпишуваат два анекса за автопатот Кичево-Охрид


На кинеската компанија Синохидро најверојатно ќе предложиме два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид. Првиот ќе биде за продолжување на рокот за градба за уште околу три години, а вториот за дополнителната сума за доизградба, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– За дополнителната сума се уште се прегвара и затоа најверојатно ќе се оди со два анекса на договор. Првиот ќе биде само со продолжување на рокот и најверојатно ќе се потпише до 31 јануари следната година кога истекува рокот за изградба на автопатот, а потоа ќе следи анексот за дополнителната сума, рече Сугарески, одоговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Агенцијата за катастар на недвижности. Доколку беа готови пресметките,додаде, ќе одевме само со еден анекс и за рокот и за сумата.

Тој истакна дека не е точно оти джавата им должи пари на компаниите кои работат на автопатот.

– Можно е фирмите да им должат на работниците, но не и државата на фирмите, прецизира Сугарески.

За изградбата на патот кон Албанија посочи дека се додека не се оцени дека е во ред проектната документација нема да се кажуваат рокови.

– Без добра проектна документација само ќе потпишуваме анекси на договори за изградба на патиштата. Затоа не сакам да конкретизирам датум кога ќе почне изгрдбата на овој пат и на патот кон Блаце, потенцира Сугарески.