Столтенберг стигна во Скопје


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вечерва стигна во Скопје. На  аеродромот го пречека министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Првот човек на НАТО  треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со други високи официјални претставници, информира владината прес-служба. Средбата со Заев ќе се одржи утре во Клубот на пратеници, по што е предвидена и заедничка прес-конференција.

Утре вo својата агенда покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили. Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.

Според агендата од прес-службата на НАТО, Столтенберг во Скопје ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.