Столтенберг: Русија се меша во внатрешните работи на балканските земји


Имаме информации дека Русија се обидува да се меша во внатрешните работи на државите од Балканот, изјави на прес-конференција во Брисел генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека секоја надворешна интервенција е неприфатлива.

Според него, податоците, исто така, покажуваат зајакнато руско присуство во регионот. Столтенберг потенцира дека сите држави на Балканот треба да бидат отпорни и способни да ги пресечат сличните обиди за мешање во внатрешните работи.

– Многу внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан, имаме присуство во регионот, посочи генералниот секретар на Алијансата.

Тој ја нарече Србија „близок партнер“ на НАТО и додаде дека Алијансата работи со сите балкански држави за нивно „присоединување кон Вашингтонскиот договор“.