Столтенберг во Собранието се сретна со Џафери и со Мицкоски


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во вилата „Водно“, во македонското Собрание се сретна и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Првиот човек на Алијансата, во рамки на денешната посета на Македонија, треба да се сретне и со македонскиот премиер Зоран Заев, како и  со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи официјални претставници.

По средбата на премиерот Заев и Столтенберг најавена е прес-конференција.

Покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден  каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.

Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.

Во пресрет на референдумот, во Скопје денеска е и министерот за надворешни работи на Лукембург Жан Аселборн, а до крајот на недела доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц.