Стинг повторно со концерт во Скопје


Стинг повторно го стави Скопје на мапата на својата турнеја за следната година. Како што соопштија од Авалон продукција на 2 јуни 2019 година, Стинг ќе одржи концерт на градскиот стадион „Филип Втори“ во рамките на турнејата „My songs“.

„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда (19 декември) во 09 часот наутро, а ден претходно ќе бидат објавени и цените.

Иако звучи неверојатно, сепак е вистинито, Македонија во една година ќе може да види три концерти на артисти од светската А листа на изведувачи: Стинг, Лени Кравиц и Ерос Рамацоти.