Стевче Јакимовски се изјаснува за претресот во неговата куќа


Екс-градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски за Макфакс тврди дека работите за кои го сомничат ги вршеле општинските служби и немаат никаква врска со него.
„Овие работи немаат врска со мене како градоначалник, бидејќи се работи на службите. Јас не земам банкарски гаранции. Потпишувам одлука за јавна набавка, одлука за избор на најповолен понудувач, го потпишувам договорот, а потоа се зема банкарска гаранција и сетоа тоа понатаму го работат службите.Очигледно е дека на власта и требаат жртви“, изјави Јакимовски.
Финансиската полиција попладнево врши претрес во домот на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во Скопје.
Од Финансиската полицијата наведуваат дека ќе соопштаат повеќе информации по завршување на акцијата.