Стапката на невработеност падна на 22,1%


Стапката на невработеност во третиот квартал годинава изнесува 22,1%, објави државниот завод за статистика. Ова е историски најниска стапка на невработеност во псоледните десет години.

Според податоците на статистичарите во третиот квартал годинава во однос на второто тромесечие забележан е пад на невработеноста од 0,5%.

Во апсолутни бројки податоците покажуваат дека на квартално ниво ново вработување добиле речиси  чети ипол илјади граѓани од земјава.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третиот квартал од 2017 година активното население во Република Македонија брои 954.814 лица, од кои вработени се 743.451, а 211.363 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,8, стапката на вработеност 44,2%