Сталоне негира сексуален напад пред 30 години


САД- Ѕвездата од холивудските акциони филмови, Силвестер Сталоне обвинет e за сексуален напад од страна на жена чиешто име не се соопштува, и која во 1986. имала 16 години. Впрочем, тогаш наводно се случил инцидентот, за којшто Сталоне категорично отфрла каква било вмешаност.

Реакцијата следи по статија на британски „Дејли меил”, според којашто жената раскажала дека во 1986 година глумецот заедно со својот телохранител ја силувале во хотелот Хилтон во Лас Вегас. Потоа тој и се заканувал дека физички ќе ја повреди, ако таа некому каже за тоа. Сепак, таа не сака да покрене обвинение против актерот.

Гласноговорникот на Сталоне, ја оквалификува статијата како „целосно злонамерна и измислена приказна“.