Српските одбојкарки станаа светски прваци по трилер во пет сета против Италија


Србија е нов светски шампион во одбојка за жени, откако Србинките со 3:2 (21:25, 25:14, 23:25, 25:19, 15:12) ја совладаа Италија во Јокохама во финалето на Светското првенство.

Предводени од брилијаната Тијана Бошковиќ со 26 поени, српските одбојкарки успеаја да стигнат до златото, иако на двапати заостануваа резултатски.
Ова е прва светска титула за српскиот женски одбојкарски тим.