Средношколец од Струга сексуално злоставуван од друг ученик
Ученик од средно училиште во Струга бил сексуално злоставуван од друг малолетен ученик. Случајот во полиција е пријавен вчера од страна на Центарот за социјални работи во Струга.
Малолетникот во разговор со социјалниот работник, психолог, педагог и адвокат за деца изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоставуван од страна на друг малолетен ученик.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот.