Средба на Заев со Меркел во Берлин


Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе престојува во посета на Германија и ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел, без оглед дали дотогаш ќе биде потврдена нејзината нова коалиција или не.

Како што се дознава средбата на Меркел со Заев била договорена за време на форумот во Давос и ќе се случи практично по новата рунда преговори меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција со медијаторот Метју Нимиц и пред посетата на првиот човек на ЕК, Жан Клод Јункер на Македонија на 25 фебруари. Од владини извори се тврди дека вистински преговори ќе почнат од идната недела, а досега само се презентирале позициите на двете страни, со намера да завршат што побрзо, ако е можно и до март или април.

Од владини извори не навестуваат дали Меркел сака поистакната улога околу преговорите за спорот, но она што се знае е дека официјална Атина остро се противи на вмешување на трети страни во преговорите што се водат под покровителство на ОН, па и на ЕУ.