Србија: Пациент испаднал од амбулантно возило и починал на самото место (ВИДЕО)


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај Грделичката Клисура во Србија на магистралниот пат Врање – Ниш. Според српската полиција, во сообраќајната несреќа учествувале возило на Брзата помош и товарно возило марка „волво“.

До трагедијата дошло кога возилото на Брза помош тргнало да претекнува камион, но во тој момент му наишол автомобил од спротивниот правец. Со намера да го избегне автомобилот кој му доаѓал во пресрет, возачот на амбулантното возило наводно нагло свртел и удрил во банкината, при што пациентот испаднал од возилото и починал.

Несреќата создала и поголем метеж на патот поради што се создала и голема колона со возила.