Србите најмногу ги сакаат Грците, најмалку Хрватите, а каде се Македонците?


Граѓаните на Србија особено се пристрасни кон Грците и Македонците, за кои велат дека им се омилени нации, додека најмногу негативно мислење владее за Хрватите, се вели во истражувањето на агенцијата „Фактор плус“, кое го белградскиот весник „Блиц“.

Испитаниците помлади од 50 години на врвот на листата на омилени народи, покрај Грците, ги ставаат и Црногорците.

Истражувањето покажа дека длабоките историски трауми, стереотипите, нерешеното прашање на Косово и Метохија и ставови на политичарите влијаат на односите меѓу Србите и Албанците.

Во споменатото истражување, исто така, се посочува дека околу 43 проценти од возрасните испитаници имаат најмногу позитивно мислење за Грците. Лицата постари од 50 години, според резултатите од ова истражување, ги преферираат Македонците.

Истражувањето покажа дека испитаниците имале позитивно мислење и за Унгарците и Бошњаците.

Од друга страна, на врвот на листата на најомразени земји е Хрватска, така што 45 проценти од испитаниците се изјасниле дека имаат негативен кога станува збор за оваа земја.

Веднаш зад Хрватите на листата на народи што Србите негативно ги оценуваат се Албанците.

Ова е потврдено и со фактот дека на Албанците негативно гледаат 33 отсто, а дури 68 отсто од Албанците негативно гледаат на Србите.