СП 2018: Јапонија во осминафинале и покрај поразот од Полска


Полска со минимални 1:0 ја совлада Јапонија во натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија.

За Полска ова е прва победа на Мундијалот и освен почесните три бодови немаше значење за понатамошниот пласман на полската репрезентација, која се наоѓа на дното на табелата.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јан Беднарек во 59 минута, кој и донесе победа на Полска од 1:0.

На вториот натпревар од оваа група, Колумбија го совлада Сенегал со 1:0.

Колумбија со шест бодови е на првото место на табелата во групата, додека Јапонија е втора и обезбеди осминафинале. Јапонците имаа четири бодови и со идентична гол разлика како и Сенегал, но поради помалку жолти картони се подобро пласирани.