СП 2018: Португалија во осминафинале по бодот со Иран


Русија–  Европскиот шампион Португалија продолжува кон фазата наелиминации на Мундијалот 2018, откако на крајот заврши на втората позиција во групата „Б“.

Во последниот натпревар, „морепловците“ одиграа 1:1 со Иран, а во исто време Шпанија ремизираше 2:2 со Мароко. Така двата тима од Пиринејскиот Полуостров собраа по пет поени и се со иста гол разлика од +1, но светските шампиони од 2010 година постигнаа еден погодок

повеќе.

Голот за Португалците го постигна Кварезма во 45-тата минута, а Ансарифард израмни од пенал во 93-тата. Роналдо промаши пенал на почетокот на второто полувреме, досуден по преглед на ситуацијата со ВАР системот.

Во осминафиналето Португалија ќе игра со Уругвај, а Шпанија ќе сочи со домаќинот Русија. Иранците остануваат трети со четири поени, откако беа на чекор од изненадувачки успех и пласман понатаму, но Вахид Амир пропушти 100-процентна можност во дополнителното време.