СП ракомет: Франција нерешено со Германија


Германија – Големото дерби на трофејните Германија и Франција одиграно синоќа во Берлин во рамките на 4. коло од А-групата заврши со делба на бодовите. Французите до нерешениот резултат стигнаа со голот на Н’Гесан во последната секунда.

Резултати на натпреварите од четвртата рунда на ракометниот Мундијал во А и Ц групите:

Русија – Бразил 23:25
Саудиска Арабија – Тунис 20:24
Кореја – Србија 29:31
Норвешка – Чиле 41:20
Германија – Франција 25:25
Австрија – Данска 17:28.

Табела А-група: Франција 7 бода, Германија 6, Русија 4, Бразил 4, Србија 3, Кореја 0.

Табела Ц-група: Норвешка 8 бода, Данска 8, Тунис 4, Австрија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.