СП ракомет: Познати полуфиналните двојки


Германија – По одигрувањето на натпреварите од последното коло во главната групна фаза, формирани се полуфиналните двојки на Светското првенство во ракомет што се одржува во Германија и во Данска.

Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат:

Данска – Франција и
Германија – Норвешка.

Двата натпревара ќе се играат утре во Хамбург, првиот од 17:30 часот, вториот со почеток во 20:30 часот.

Во дуелот за 5.место во Хернинг в сабота Хрватска се среќава со Шведска со почеток во 20:30 часот. Три часа порано исто така во дански Хернинг за 7.место ќе играат Шпанија и Египет.