СП во ракомет: ИХФ го прогласи идеалниот тим, Хансен МВП


Светската ракометна федерација (ИХФ), по завршувањето на мундијалот во Германија и Данска, го промовира идеалниот тим на шампионатот.

Новиот светски шампион Данска во своите редови ги има најкорисниот играч на СП 2019, Микел Хансен, како и најдобриот голман и среден бек.

Идеален тим на СП 2019

Голман – Никлас Ландин (Данска)
Лев бек – Сандер Сагосен (Норвешка)
Среден бек – Расмус Лауге (Данска)
Десен бек – Фабијан Виде (Германија)
Десно крило – Феран Соле (Шпанија)
Лево крило – Магнус Јондал (Норвешка)
Пивот – Бјарте Мирхол (Норвешка)

МВП и најдобар стрелец – Микел Хансен (Данска).