Спречен влезот на Косово во Светската царинска федерација


На денешната 132 седница на Советот на Светската царинска федерација во Брисел, спречен е приемот на Косово во оваа организација-соопштија од Канцеларијата за соработка со медиуми во српската Влада.

На седницата, на која учествувала и делегација од Србија, решено е статусот на Косово да остане замрзнат и спорен, и да се формира Работна група за прашањето за пристапувањето на Косово во таа организација, со цел да се подготви извештај за можноста за приемот на Косово со право да учествува во работата и да има право на глас.

Како сто е соопштено, расправата во Светската царинска организација покажала дека постојат спротивставени ставови за независноста на Косово и нејзиното зачленување, а Србија добила поддршка од голем број земји, меѓу кои се и Русија, Кина, Индија, Бразил, Кипар, Словачка и други.

Првите предлози на Работната група се очекуваат на наредната седница на оваа организација идната година, што претставува трета година по ред како Косово не е примено во членство на Светската царинска федерација.