Спој на електро и класична музика: Концерт на Филхармонија и Јуан Аткинс во Охрид


 

Во Антички театар, на 2 Август, во 22 часот, пионерот на електронската музика Juan Atkins заедно со Македонска Филхармонија под диригентската палка на маестро Џијан Емин ќе приредат  шоу, преку разни аудио-визуелни ефекти, нудејќи футуристичко, мултисензорно доживување. Забавата продолжува на плажата Парк со Jeff Mills која ќе понуди забава за сите сетила, а посетителите ќе можат да уживаат во непознатото.

Ова не е прв ваков настап на Македонска Филхармонија, сите го паметиме настапот со Derrick May, под диригентската палка на маестро Емин. Овој нов проект на Џијан и продукциската куќа „Излет Мјузик“ е всушност продолжение токму на претходниот проект со Derrick May, со кој покрај концертот во Охрид, следуваа гостувања во Гент (Белгија), Париз и Ница (Франција), Детроит (САД) и Мелбурн (Австралија).

Juan Atkins е музичар е еден од креаторите на техно музиката, кој заедно со Derrick May и Kevin Saunderson го формирале познатото трио, The Belleville Three. Зад себе има повеќе од 20 изданија и 30-годишна кариера со многубројни настапи ширум светот. А на листата пионери на елекронската музика во последните 30 години несомнено е вклучен и Jeff Mills, кој е основач на Underground Resistance, учествува во градењето на идеологијата на продукцијата со партнерите “Mad” Mike Banks, Robert Hood.

Овој настан е поддржан и од Neuland, мултисензорната платформа, посветена да создава необични музички и уметнички искуства.