Спасовски до ВМРО-ДПМНЕ: Сте ќарувале на чистење


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната интерпелација поднесена од страна на ВМРО ДПМНЕ, рече дека наишле на катастрофална ситуација во МВР, откако власта ја напушти ВМРО ДПМНЕ.
– Немате тендер кај што не сте краделе. На спајалици сте ќарувале. Од фирмите за чистење сте ќарувале по милион евра секоја година. Чавков за 700.000 евра има набавено 25 возила за МВР. За милион евра во мое време, набавени се 45 исти такви возила“, порача Спасовски.
Инаку, претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски го обвини Спасовски дека од кога СДСМ дошла на власт улиците станале небезбедни, имало криминален тендер за набавка на возила и селективно се апселе членови на ВМРО-ДПМНЕ.
На ова Спасовски му возврати дека заврши времето кога се криеа убиства, како убиството на Мартин Нешковски и го потсети Мицевски дека МВР не апси, туку спроведува наредби на обвинителството и судските органи.
Спасовски обвини дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ се вработувале баби, дедовци, тетки, и му порача на Мицевски, подобро да молчи на темата и да се засрамет.