Спасовски: Во последната година нема скриено убиство


Во последната година, откако министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, немало скриено убиство како во времето на Гордана Јанкулоска, кога се криеше убиството на Мартин Нешкоски, рече во своја одбрана, на собраниската седница за негова интерпелација, Спасовски.
Тој рече дека неосновани се обвинувањата дека МВР апси функционери на ВМРО-ДПМНЕ. „Како прво, не апси МВР, туку обвинителството. А и кога апсиме, тоа не се функционери, туку криминалци на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Спасовски во своето обраќање пред пратениците.
Собранието на Македонија денеска одржува продолженија на 86. и на 90. седница, а единствена преостаната точка на 86. седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.