Со експресивната „Тишина,на турнеја сме!“ заврши Танц фест 2018


Со претставата „Тишина,на турнеја сме!“  синоќа во МНТ  заврши  фестивалот Танц Фест 2018,  поддржан од Министерството за култура и Град Скопје, а оваа претстава и со поддршка на Францускиот институт во Македонија.

Компанијата „Покемон“ е една од најатрактивните француски танцови компании, кои ја негуваат синергијата помеѓу современиот танц и хип хоп-от. Танчерите, владеат со неверојатна техника и експресивност, имаат многу интернационални награда за своите изведби, а компанијата гостува на многу престижни фестивали ширум светот.

Кореографијата е на уметничкиот директор на компанијата Ријад Фгани, а настапија шест ексклузивни танчери: Хјацинте Валери, Хсисон Кевин, Микаел Инг, Фгани Дунуел, Мезаине Мехди, Бен џелоул Мехди и Бафинал Гаел.

„Тишина на турнеја сме!“ изобилува со несекојдневна експресија, извонредни тела кои се движат по сцената на експресивен начин, со цел да доловат атмосфера на живеење од 30 години на 20 век, во кои танцот има своја улога. Претставата е омаж на развојот на Киното во 30-тите години на 20 век и неговата уметничка експресија, на сцената се случува синергија на хип хоп движења, музикалните комедии на тоа време и современиот танц. Компанијата потекнува од градот Лијон, каде во 19 век браќата Лумие го измислуваат Киното. Црно-белиот филм е подлога за коларативен танц, низ музички ритмови кои варираат, како трибут на Киното и модерното време и потрага по нови димензии.